Учениците и утре нема да се вратат во училишните клупи бидејќи штрајкот продолжува, соопшти Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).
Од Владата понудиле зголемување на платите за 10 %, по ребалансот на Буџетот кој би бил во мај или јуни, но за СОНК ова е неприфатливо.
Од синдикатот велат дека понудата е дадена усно, а не писмено и дека членството останува на тоа дека штрајкот треба да продолжи се до прифаќање на нивните барања за зголемување на платите од 18,4 отсто.