More

    Учебник за 5-то одделение тврди дека Македонија на запад граничи со Бугарија

    spot_img

    „Македонија на запад граничи со Република Бугарија, а на исток со Република Албанија“.

    Ваква глупост е напишана во новиот учебник по Историја и општество за петто одделение, во лекцијата од којашто учениците треба да ги научат соседните земји на Македонија.

    Граѓани, родители на деца од основно, на социјалните мрежи бурно реагираат на „грешките“, односно, како што самите велат, на неписменоста на авторите на новиот учебник.

    Претходно денеска, сличен пример објавивме и со учебникот кој надецата им дава основни информации за населението и за континетнтите, а таму е наведено дека највисокиот врв на светот – Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри.

    До сега се учеше дека врвот што го нарекуваат и „покривот на светот“ е висок 8.849 метри.

    Пропаднало и Мртво Море, неверојатни 1.400 метри под нивото на земјата, открива нашиов „учебник“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img