More

    Урсула фон дер Лајен: Европската унија сака да ја види Украина и тоа ќе се случи со тек на време,

    spot_img

    Европската унија сака да ја види Украина и тоа ќе се случи со тек на време, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во интервју за Еуроњуз.

    – Имаме процес со Украина кој е, на пример, интегрирање на украинскиот пазар во единствениот пазар. Имаме многу блиска соработка на енергетската мрежа. Толку многу теми каде што работиме многу тесно заедно и навистина со тек на време, тие ни припаѓаат нам. Тие се еден од нас и ние ги сакаме – изјави Фин Дер Лејен на прашањето дали Украина треба да добие статус на кандидат за ЕУ.

    Таа исто така нагласи дека Европската унија има исклучително силна солидарност со Украина.

    – Ако ги погледнете бегалците кои се прифатени во Европската унија, финансиската поддршка и сега снабдувањето со воена опрема, сето ова покажува длабока солидарност со Украина. Тие ги споделуваат нашите вредности. Тие ги бранат нашите принципи. Украинците сакаат да живеат во мирна демократија, а Русија ги напаѓа. Затоа тие ја заслужуваат нашата целосна солидарност и ја имаат – рече Фон дер Лајен.

    Претседателката на Европската комисија истакна дека Европската унија воведе серија остри финансиски и економски санкции против Русија, зелено светло за испорака на оружје за Украина и ги забрани руските пропагандни канали „Русија денес“ и „Спутник“.

    – Покрај тоа, ЕУ исто така ги проширува санкциите против Белорусија – додаде таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img