More

    Украл 130 метри кабел на телекомуникациска компанија

    spot_img

    Штипјанецот Т.З. (44) вчера во 13:15 часот бил повикан во СВР Штип, бидејќи по преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека извршил кривично дело „тешка кражба“.

    Како што информира МВР, во периодот од 10 до 12 октомври годинава тој со употреба на сила и алат под мост на река Брегалница на улицата Борис Кидрич во Штип одзел 130 метри бакарен кабел, сопственост на телекомуникациска компанија.

    При извршен службен разговор во полициска станица Т.З. го признал делото.

    По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img