More

    Украинските власти секојдневно откриваат нови тела

    spot_img

    Градоначалникот на украинскиот град Буча, во близина на Киев, изјави дека властите досега пронашле 403 тела на луѓе за кои се верува дека биле убиени од руските сили за време на окупацијата на областа. Сепак, Анатолиј Федорук дополнува дека бројот на пронајдени тела сѐ уште се зголемува.

    Федорук за време на брифингот додаде дека е премногу рано за жителите да се вратат во градот, иако руските трупи се повлекоа пред две недели.

    Властите почнаа да ги извлекуваат телата од масовната гробница на црквата  Св. Андреј и сите светци, кој минатата недела беше посетен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

    Шест тела во подрум во Бровари, близу Киев

    Истовремено, пронајдени се телата на шест лица кои биле застрелани во подрум на зграда надвор од Киев, во местото Бровари, се вели во денешното соопштение на украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова.

    „Нови ѕверства на руската армија се откриени во регионот на Киев: нападнат е конвој за евакуација на деца. Во подрум на куќата се пронајдени тела на шест застрелани цивили. Обвинителите веќе го оценуваат обемот на убиствата на цивили како злосторства против човештвото“, напиша на Твитер Венедиктова.

    Таа објави фотографии од телата, меѓу кои има најмалку едно дете.

    ЕУ поставува магацин за помош во Молдавија

    Европската унија поставува магацин во Молдавија за помошта што пристигнува за луѓето кои бегаат од руската војна против Украина.

    Повеќе од 1.200 шатори и 4.000 ќебиња неделава треба да бидат доставени за луѓето кои се раселени поради војната, соопшти денеска Европската комисија.

    – Со руската воена агресија врз Украина која се одвива на разорно брутален начин, хуманитарните потреби на погодените цивили растат експоненцијално – изјави комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич.

    „Досега, војната принуди повеќе од 4,5 милиони луѓе да побегнат во соседните земји како Унгарија, Молдавија, Полска и Словачка, а повеќето од нив се жени и деца“, соопшти комисијата, нарекувајќи го ова најбрзорастечка бегалска криза во светот.

    Молдавија, сиромашна земја јужно од Украина, добива сè поголема поддршка од земјите на ЕУ за бегалците, при што Германија, Унгарија и Холандија, на пример, испраќаат медицински материјали.

    Русија досега загубила 140 хеликоптери

    Покрај жртвите, во војната се бројат и загубите на двете страни. Според украинскиот Генералштаб, од почетокот на војната против Украина, руската армија загуби 157 авиони, 140 хеликоптери и 124 беспилотни летала.

    Како што пренесува Украинска правда, руската војска досега во Украина загубила околу 19.600 луѓе,  732 тенкови, 1946 оклопни борбени возила, 349 артилериски системи и 111 повеќекратни ракетни фрлачи.

    Исто така, уништени се 63 системи за противвоздушна одбрана, 157 авиони – 157 единици, 140  хеликоптери, 1.406 автомобили, седум бродови, 76 резервоари за гориво, 124  оперативно-тактички беспилотни летала, 25 единици специјална опрема и четири лансери на балистички ракети со краток дострел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img