Во последните 24 часа четворица цивили загинаа, а 10 се ранети во руски артилериски и ракетни напади врз украинските градови, соопшти кабинетот на шефот на државата Володимир Зеленски.
Соопштено е дека руските сили истрелале 60 ракети кон Никопол, во областа Дњепропетровск, каде биле погодени околу 50 станбени згради, како и електричната мрежа, така што жителите останале без струја.
Никопол се наоѓа во близина на најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, која беше заземена од руските сили на почетокот на војната, јавува АП.