Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска ги посети припадниците на украинската војска во Харков.
Ова е прв пат Зеленски да биде виден надвор од Киев од почетокот на руската инвазија на Украина, која започна кон крајот на февруари.
– Ги ризикувате своите животи за сите нас и за својата земја – им порача Зеленски на војниците.
Посетата на украинскиот претседател најверојатно има за цел да го подигне моралот на граѓаните додека Украина се обидува да ѝ се спротистави на силната руска офанзива во регионот на Донбас, пишува Би-би-си.
Неколку часа по заминувањето на претседателот, во Харков се слушнале силни експлозии.