Украинската полиција во четвртокот објави дека Русија од почетокот на денот извршила 203 напади и дека борбите се водат на речиси цела украинска територија.
Граничната полиција соопшти дека украинската војска се бори со руските сили во близина на источниот град Суми.Украинскиот министер за одбрана рече дека некои руски војници биле заробени.Советник на украинскиот претседател претходно изјави дека се водат жестоки судири во регионите Суми, Харков, Керсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев.Тој додаде дека стравува дека руските падобранци би можеле да слетаат и да го нападнат главниот град Киев.Руската Федерална разузнавачка служба (ФСБ) објави дека украинските граничари ги напуштиле сите позиции на руско-украинската граница, пренесе Интерфакс.