More

    Украинската војска тврди дека уништила и складишта со муниција

    spot_img

    Украинската војска утринава соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две складишта со муниција во борбите во регионот Херсон, центарот на контраофанзивата на Киев на југот на земјата и клучната врска со линиите за снабдување на Москва.

    Железничкиот сообраќај до Херсон преку реката Дњепар е прекинат, соопшти јужната команда на војската, што потенцијално дополнително ќе ги изолира руските сили западно од реката од залихите во окупираниот Крим и на исток.

    Украина во последните неколку недели користеше ракетни системи со долг дострел испорачани од Запад и тешко оштети три моста над реката Дњепар, отсекувајќи го градот Херсон и оставајќи ја 49-та руска армија стационирана на западниот брег на реката многу ранлива, проценуваат британски функционери од одбраната.

    „Како резултат на огнот кој воспостави контрола над главните сообраќајни врски на окупираната територија, утврдено е дека сообраќајот преку железничкиот мост над реката Дњепар не е возможен“, се вели во соопштението на украинската јужна комда.

    Во соопштението се наведува дека повеќе од 100 руски војници и седум тенкови биле уништени во вчерашните борби во регионот Херсон, првиот голем град заземен од Русите по инвазијата врз Украина на 24 февруари. Првиот заменик-шеф на регионалниот совет на Херсон, Јуриј Соболевски, им порача на жителите да се држат настрана од депонии за руска муниција.

    „Украинската армија се бори против Русите и ова е само почеток“, напиша тој на Телеграм.

    Според проукраинскиот гувернер на областа Херсон, Дмитри Бутри, областа Берислав е особено погодена. Берислав се наоѓа преку реката, северозападно од хидроцентралата Каховка.

    „Во некои села ниту една куќа не остана недопрена, целата инфраструктура е уништена, луѓето живеат во подруми“, напиша тој на Телеграм.

    Светските агенции чии известувачи се на терен нагласија дека не можат независно да ги проверат овие извештаи, а претставници на руската администрација која управува со регионот Херсон претходно оваа недела ги отфрли западните и украинските проценти на ситуацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img