Украинската војска објави дневен извештај за бројот на загинати руски војници за време на инвазијата.
Киев проценува дека Москва изгубила 24.200 војници од 24 февруари, кога започна руската инвазија на Украина.
Тие тврдат и дека се уништени 1.062 тенкови и 194 авиони, пренесува Sky News.
Вреди да се напомене дека проценките на украинската војска за руските загуби се редовно повисоки од оние во сите други извештаи.