Организаторите на Евровизија го потврдија учеството на Украина на фестивалот што ќе се одржи во мај во Торино, Италија.
Извршниот продуцент Симона Марторели изјави дека украинската делегација го потврдила своето учество и навреме ги испратила сите потребни документи.
„Тоа е за восхит, со оглед на ситуацијата“, рече таа.
Украина оваа година на Евровизија ќе ја претставува оркестарот Калуга со песната Стефанија.
Ќе се обидат да снимат видео кое ќе го испратат до организаторите во случај физички да не успеат да дојдат во Италија.
Организаторите истакнаа дека главната порака на овогодинешниот фестивал ќе биде мирот.
Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, а и беше забрането учество на овогодинешното издание на фестивалот.