More

    Украина може да се надева на струја од нуклеарните централи

    spot_img

    Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека главниот град на Украина се подготвува за се и дека се размислува за евакуација на жителите. Во интервју за РБЦ-Украина, тој побара од секој граѓанин на Киев да земе предвид различни сценарија и да биде подготвен, бидејќи, како што наведе, воените податоци покажуваат дека руските сили планираат да продолжат со нападите врз инфраструктурата на Украина.

    Дали и украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека треба да има евакуација како план Б? Тој синоќа ги повика Украинците да издржат пред новите планирани руски напади, пишува КиевИндепендент.

    – Знаеме дека терористите планираат нови напади – рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

    Претходно, Зеленски го обвини Кличко дека не е направено доволно да се олесни недостигот на струја и на греење, што многумина го протолкуваа како прв раскол во раководството на Украина.

    Кличко рече дека нема смисла да се расправа, одговарајќи на критиките од Зеленски, пишува СкајЊуз.

    – Формирани се 430 „центри за затоплување“ за да му помогнат на населението да се справи со последиците од руските напади врз електраните. Се планира отворање на уште стотина вакви центри во случај на екстремни услови – најави тој.

    „Не сакам да се вовлекувам во политички битки, особено не во сегашната ситуација“, објави Кличко на Телеграм и додаде:

    „Бесмислено е. Морам да работам за градот“.

    Во Киев падна снег, а температурата на воздухот е околу нулата. Градските власти најавија дека работниците наскоро ќе го обноват снабдувањето со струја и вода, но поради високата потрошувачка се воведени одредени ограничувања. Милиони луѓе во и околу градот се соочуваат со прекин на електричната енергија поради руските ракетни напади.

    – За жал, сѐ додека имаат проектили, нема да се смират – додаде тој.

    Додека земјата размислува како да си ја поврати струјната мрежа, шефот на Енергоатом, Петро Котин, изјави дека Украина може да издржи во следните две години со постојните залихи на нуклеарно гориво.

    Од почетокот на војната, Украина не купува руско нуклеарно гориво, потпирајќи се на сопствените резерви. Енергоатом вели дека е во процес на префрлување од руско гориво на она што го произведува Вестингхаус Електрик, технолошка компанија со седиште во Пенсилванија, САД.

    – Ние работиме со Вестингхаус за да создадеме сопствена линија за производство на гориво, врз основа на нивните технологии. Ние веќе ги произведуваме главите и опашките на резервоарите за гориво лиценцирани од оваа американска компанија обезбедени од Вестингхаус – рече Котин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img