More

    Уапсени петмина демонстранти, како и лицето кое фрли молотов коктел кон Собрание

    spot_img

    Тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот јавен собир на подрачјето на СВР Скопје, кој се одржа во периодот од 19.00 часот пред Владата на Република Северна Македонија, продолжи пред Министерството за надворешни работи и заврши пред Собранието на Република Северна Македонија околу 22.30 часот.

    – Двајца од полициските службеници се здобија со повреди при инцидент во близина на споменикот Скендербег, каде со брза реакција на полицијата беше избегнат поголем инцидент, при што веднаш беше приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот е обезбеден, за случајот е известен Јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.

    Од министерството додаваат дека уште три лица се лишени од слобода поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници.

    – Еден полициски службеник беше повреден со тврди предмети пред Собранието на РСМ и е задржан на болничко лекување. Уште едно лице е приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар, поради снимање со дрон без дозвола. За време на собирот пред Собранието регистриран е и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти – стои во соопштението.

    Во текот на вчерашното деноноќие лишено е од слобода и лицето кое на 05.07.2022 фрли молотов коктел кон зградата на Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој беше идентификуван од снимката и го призна делото. По документирање на случајот и против него ќе следува соодветна пријава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img