Еден човек е уапсен во средата откако фрлил јајца на кралот Чарлс и на сопругата на кралицата Камила за време на нивната посета на Јорк.Кралот и кралицата биле пречекани од водачите на градот, а потоа еден човек ненадејно им фрлил три јајца. Ниту едно јајце не ја погоди кралската двојка, пренесува Гардијан.
Додека полицајците го приведувале, човекот извикал „оваа земја е создадена од крв на робови“.
Луѓето од толпата почнале да викаат „Боже, спаси го кралот“, а на човекот му викале „срам да ти е“.Чарлс, кој дојде на тронот во септември по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета, моментално е на дводневна турнеја низ северна Англија.