Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Катастрофалниот земјотрес се случи во 4:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Неколку часа подоцна, околу 11:30 часот по наше време, се случи уште еден разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека според досега достапните информации животот го загубиле 912 лица. Сириските државни медиуми објавија дека досега е потврдена смртта на речиси 600 луѓе во таа земја. Севкупно, тоа е повеќе од 1.500 луѓе.