Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја повика Ерменија да ги „запре провокациите“ против Азербејџан.
„Ерменија треба да престане со своите провокации и да се фокусира на мировните преговори и соработката“ со Баку, напиша Чавушоглу на Твитер.
Големи конфликти денеска се во тек на три места на границата на Ерменија и Азербејџан.
Ереван ги обвини силите на Баку дека сакаат да напредуваат на ерменска територија.