More

    Тупанчески најави амнестија за 1.200 граѓани кои ги прекришија ковид-мерките и треба да одат во затвор

    spot_img

    Повеќе од 1 200 лица кои треба да одат во затвор бидејќи не ја платиле казната за прекуршување на ковид- мерките ќе бидат амнестирани, најави синоќа министерот за правда Никола Тупанчески.

    Главна причина за ова, како што рече министерот, е тоа што нашите затвори се преполни, а предлогот дошол од Основниот кривичен суд од Скопје. Решението е подготвено за гласање во Собранието.

    Според министерот, прекршителите не се криминалци, туку лица чии парични казни се пред трансформација во казни затвор.

    -Ја прифативме идејата на Кривичниот суд – Скопје зашто ни се виде како идеја која може да помогне. Тука не станува збор за лица кои извршиле кривични дела кои, пак, според својата персонална анамнеза претставува криминалци во вистинска смисла на зборот. Тоа се лица кои ги прекршиле ковид-мерките и нашиот кривичен законик предвидува, најчесто беа парични казни. Зборуваме за повеќе од 1 200 луѓе на кои, практично ако не ја платат паричната казна, за кратко време паричната ќе им се трансформира во затворска казна. Оваа идеја на Кривичниот суд, бидејќи предлог-законот е готов, е во собраниска процедура. Мораме да бидеме брзи зашто ако навреме не го донесеме законот тогаш задоцнето ќе биде неговото носење – рече Тупанчески во гостувањето на „360 Степени“.

    Прашан, дали на тие што платиле ќе им бидат вратени парите, министерот Тупанчески одговори дека фокусот сега е на друго место.

    -Амнестијата се однесува на оние на кои паричната ќе им биде трансформирана во казна затвор. Оние кои веќе ја платиле изречената казна е прашање за кое може да се размислува, но фокусот е на лицата на кои паричната казна би им се трансформирала во затворска казна- рече Тупанчески.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img