Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја „изгуби“ војната во Украина, која започна со неговата инвазија на таа земја.
– Владимир Путин направи ужасна грешка. Тој ќе ја загуби оваа војна поради жестокоста, силата и решителноста на украинскиот народ, кој ја брани својата територија и нè инспирира сите нас – изјави Трудо на заедничката прес конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда во Варшава.