More

    Трошоците на живот зголемени за 19,8 отсто, цените на мало за 15.4

    spot_img

    Трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на октомври лани, бележат зголемување од 19.8 отсто, а цените на мало од 15.4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во однос на септември годинава, пак, трошоците на животот се поголеми за 1.4, а цените на мало за 0.6 проценти.

    Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7.3 отсто, млекото за 5.9 отсто, сирењето и урдата за 5.7 отсто, месото за 3.6 отсто, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3.2 отсто, рибата и морските плодови за 2.8 отсто, лебот и житата за 1.8 отсто, кафето, чајот, какаото за 1.4 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.1 отсто, виното за 0.9 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.5 отсто, пивото за 0.4 отсто и жестоките пијалаци за 0.3 отсто.

    Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4.6 отсто, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3.7 отсто, цврстите горива за домаќинствата за 3.4 отсто, парамедицинските услуги за 1.8 отсто, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.7 отсто, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1.6 отсто, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1.4 отсто, медицинските услуги за 1.3.отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.2 отсто, игрите, играчките и хобијата за 1.0 отсто. Малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни поскапеле за 0.9 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.8 отсто, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0.7 отсто, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0.6 отсто, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0.5 отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0.3 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0.2 отсто.

    Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 3.6 отсто и маслото и маснотиите за 0.8 отсто.

    Во октомври, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 12.4 отсто, туристичките аранжмани за 10.4 отсто, теписите и другите подни покривки за 4.5 отсто, воздухопловниот патнички транспорт за 1.7 отсто, градините, растенијата и цвеќињата за 1.4 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1.1 отсто, моторните возила за 0.7 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img