После проблемите со стартот на трката во Монако и повлекувањето на возачите во боксовите по обилен дожд, во 28-миот круг од „вториот почеток“ се случи инцидент, откако Мик Шумахер, возачот на Хаас загуби контрола и удри во заштитната ограда, по што неговиот болид се преполови.
Организаторите најпрво покажаа две жолти знамиња, а потоа и црвено знаме за возачите повторно да се вратат во боксовите, и да се почека да се исчистат остатоците.
Шумахер стана од болидот, а во едно време се стравуваше дека тој е тешко повреден, имајќи ги во предвид страшните слики од неговиот болид.