More

    Трите медицински сестри кои нечовечки малтретираа возрасна жена во Центарот за нега на стари лица „Оренда“ во Пеќ завршија во притвор

    spot_img

    Трите медицински сестри кои нечовечки малтретираа возрасна жена во Центарот за нега на стари лица „Оренда“ во Пеќ завршија во притвор, а Комората на медицински сестри им ги укина лиценците, пишува Алсат.

    Бидејќи жената боледува од Алцхајмер, се вршат проценки дали е во состојба да даде изјава. Иако на видео-снимката се слуша првообвинетата Аулона Пелај, која ѝ се заканува на повозрасната жена дека може и знае да употреби уште поголема сила, таа во полиција изјавила дека се бранела.

    – На училиште нè учеа дека за луѓето кои претставуваат ризик за персоналот и имаат психички проблеми,  треба да бидеме доминантни кон нив. Свесна сум дека дејството беше прекумерно и под влијание, но таа ме нападна прва и моите постапки беа предупредувачки и не со голема сила. Моите колеги се обидоа да ја стават под контрола. Таа беше силна и беа потребни неколкумина за да ја стават под контрола – изјавила првоосомничената Аулона Пелај.

    Трите уапсени се осомничени дека сториле кривично дело „напад и кривично дело помагање во извршување на кривичното дело – напад“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img