More

    Три пати повеќе од официјалните 6 милиони луѓе починале од корона во последните две години

    spot_img

    Три пати повеќе од официјалните 6 милиони луѓе починале од корона во последните две години, сугерира нова студија објавена во „The Lancet“, која испитува колку се веродостојни информациите за починати кои секоја земја ги обзнанила. Студијата на која работеле повеќе од 100 истражувачи вели дека треба да се земат предвид луѓето кои починале „со ковид, а не од ковид“, но и починатите во рурални земји каде немало масовно тестирање и статистика, пишува ИФЛ Наука.

    Епидемиолозите се бавеле со „ вишокот на смртни случаи “ и дошле до мрачен заклучок: ковид-19 уби 18,2 милиони луѓе, директно или индиректно, до крајот на 2021 година, со што е една од најлошите пандемии во историјата. И ова, според научниците, се случило уште пред да се почувствува ефектот на омикронскиот бран.

    Вишокот на смртни случаи најмногу го сочинувале оние кои починале од корона, а не биле тестирани. Нивниот број, на неевидентираните, според студијата, е многу поголем од оние кои починале од други причини, а имале прележано корона, што значи биле во евиденција.

    Згора на ова, во првиот бран на пандемијата, кога беше тешко да се дојде до тестови за вирусот, статистиката за вишок смртни случаи генерално прикажуваше многу полоша слика од официјалните извештаи за смртните случаи од ковид-19. Потоа, како што тестовите стануваа подостапни, двете статистиката полека почна да се изедначува со официјалните бројки.
    „Иако пријавените смртни случаи од ковид-19 помеѓу 1 јануари 2020 година и 31 декември 2021 година, изнесуваа вкупно 5,94 милиони ширум светот, проценуваме дека 18,2 милиони луѓе починале ширум светот поради пандемијата на ковид-19 во тој период“, вели студијата.

    Од нив 4,1 милион биле во Индија, во споредба со 490.000 официјално регистрирани, 1,1 милион во Русија (670.000 регистрирани) и 800.000 во Мексико и Бразил. САД имале повеќе смртни случаи од Русија, но само три четвртини од нив биле забележани во официјалните податоци.

    Јазот помеѓу официјалните податоци и вишокот на смртни случаи е пропорционално најголем во субсахарска Африка, со 14 пати повеќе вишок смртни случаи отколку што сугерираат официјалните записи.

    Осумнаесет милиони смртни случаи, сега за сега, сепак би го ставиле ковид-19 зад сипаниците, бубонската чума, „шпанскиот грип“ и ХИВ на списокот најсмртоносни убијци на сите времиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img