More

    Три лица загинаа, а шестмина се повредени во денешниот напад со нож во градинка во југоисточната кинеска покраина Џиангши

    spot_img

    Три лица загинаа, а шестмина се повредени во денешниот напад со нож во градинка во југоисточната кинеска покраина Џиангши, јави МИА.

    Напаѓачот со капа и маска влегол во приватна градинка во округот Анфу, соопшти локалната полиција. Осомничениот 48-годишен маж сè уште е во бегство, а полицијата не ја соопшти возраста на жртвите.

    – Државните органи вложуваат големи напори да го пронајдат и упасат осомничениот – се вели во соопштението на полицијата на провинцијата Џианши. На видеото што го објави полицијата се гледа како еден полицаец изнесува на раце мало детенце од зградата на градинката.

    Иако во Кина масовните напади се ретки, поради строгата контрола на поседувањето огнено оружје, од 2010 година наваму забележани се повеќе вакви напади, во кои на удар се јавни установи, а често градинки и школи. Минатиот месец четири лица беа повредени од прободување во голема болница во Шангај, но напаѓачот бргу беше откриен од полицијата и застрелан. Исто така минатиот април беа убиени две деца, а 16 беа ранети во градинка во јужна Кина, кога во неа влетал разбеснет човек со нож. Во јуни лани маж избоде до смрт шест лица, а 14 рани на пешачки премин во трговскиот кварт во градот Анквинг во источна Кина. Аналитичарите велат дека ваквите напади најчесто се дело на очајници кои бараат начин да му се одмаздат на оштеството во целина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img