More

    Три жртви во нападот во Сент Луис

    spot_img

    Три лица се убиени во вооружен напад што денеска се случи во средно училиште во Сент Луис, соопштија американски полициски претставници.

    Полицискиот комесар Мајкл Сак изјави дека меѓу загинатите има едно возрасно лице, едно девојче и напаѓачот кој пукал.

    Нападот се случил кусо по 9 часот по локално време во Централниот колеџ за визуелни и изведувачки уметности, поради што учениците се забарикадирале во училниците, скокале од прозорците и бегале од училишната зграда.

    За неколку минути околу училиштето се собрале десетици полициски возила.

    Претходно од училиштето соопштија дека во нападот се ранети шест лица, а полицијата „брзо го запрела” напаѓачот и оти е приведен.

    Американското ФБИ соопшти дека веќе нема „непосредна закана” во училиштето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img