Екипа од Противпожарната единица Кавадарци веќе се упатила кон Тетово за да помогне во гаснењето на пожарот, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
„Три возила и седум пожарникари од Противпожарната единица од Кавадарци се веќе на пат за Тетово за да помогнат во гаснењето на пожарот кој избувна во фабриката за стиропор Профикс во Тетово“, напиша Јанчев на својот профил на Фејсбук.