More

    Трет модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

    spot_img

    Викендов во Струга се одржа третиот модул на Школата за политики за 2022 година, при Претседателскиот центар за политичко образование.

    Третиот модул на Школата го отворија проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на Претседателот за правни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Нита Старова, членка на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и програмски менаџер во фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје.

    Во фокусот на третиот модул на Школата за политики беа теми поврзани со економијата, социјалните политики и човековите права.

    На тема „Големата слика – македонската економија на среден и долг рок“ говореа проф. д-р Ванчо Узунов, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и проф. д-р Глигор Бишев, редовен професор на Економскиот факултет во Прилеп и претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратешките истражувања при Стопанска комора на Северна Македонија.

    Јоханес Хајдекер, советник за економски прашања на претседателот на Владата на Република Северна Македонија одржа предавање на тема „Практичен поглед: Економски практики и надворешни инвестиции во државата“.

    Во рамки на третиот модул на Школата за политики се одржа на тема „Панел дискусија: Социјални политики: социјална заштита и справување со сиромаштијата“, на која учествуваа Мила Царовска, поранешна министерка за образование и наука и поранешна министерка за труд и социјална политика и проф. д-р Лазар Јовевски, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

    За социоекономските последици од војната во Украина онлајн предавање одржа проф. д-р Бранимир Јовановиќ, професор на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.

    За социоекономските последици за Северна Македонија во контекст на здравствената и безбедносната криза во Европа говореше Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

    На последниот ден од третиот модул на Школата за политики, на тема „Меѓународни и национални механизми за заштита човековите права“ говореше проф. д-р Јелена Ристиќ, вонреден професор на Институт за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, додека за застапувањето како механизам за остварување на човековите права на Ромите со фокус на Ромките говореше Салија Бекир Хасим, претседателка на „Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари“.

    На тема „Стратешки пристап во политичките комуникации“ предавање одржа д-р Сашо Орданоски, новинар и политички аналитичар.

    Во рамки на Школата за политики за 2022 година ќе се одржат пет едукативни семинари, кои се реализираат во периодот од март до ноември годинава со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

    Школата за политики е организирана во соработка со канцелариите на фондациите и здруженијата во земјава „Фридрих Еберт”, Меѓународен републикански институт (ИРИ), „Конрад Аденауер”, Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Фондација за демократија на Вестминстер, Фондација „МК2025” и Регионална организација за младинска соработка (РИКО).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img