More

    Трамп го поздрави преземањето на Твитер од страна на Илон Маск

    spot_img

    Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, го поздрави преземањето на Твитер од страна на Илон Маск, изјавувајќи денеска на својата социјална мрежа Трут соушл, дека е „многу среќен што Твитер сега е во разумни раце”.

    Трут соушл е многу помала копија на Твитер.
    По преземањето, Илон Маск вети дека ќе го одмрзне на неодредено време блокираниот налог на Трамп на Твитер, што беше замрзнат поради стравувања за насилно поттикнување на толпа поддржувачи која упадна во американскиот Капитол лани на 6 јануари. Налогот на Трамп на Твитер заклучно денеска е сѐ уште неактивен.

    Поранешниот републикански претседател рече дека и да го молат, нема да се врати на Твитер, но некои негови оветници изјавиле за весникот Вашингтон пост дека се сомневаат дека Трамп ќе се воздржи. Маск рече дека на следните избори ќе гласа за републиканците.

    Популарната социјална мрежа, која сега е во целосно сопствеништво на милијардерот Маск, секојдневно е користена од речиси 400 милиони корисници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img