Според проценките на полицијата, околу 60.000 лица учествуваат на прашкиот Прајд, во рамки на традиционалниот летен еднонеделен фестивал на ЛГБТ малцинствата.
Со знамиња, цвеќиња, шалови и украси во боите на виножитото, Прајдот се одржува по две години пауза поради ковид-19
Во градското собрание се вее знаме во боите на виножитото, симбол на борбата на сексуалните малцинства против дискриминацијата, а во истите бои е и пешачката зебра пред седиштето на градските власти, додека градоначалникот на Прага , Зденек Хжиб и неговата сопруга се во првите редови на Парадата на гордоста на ЛГБТ заедницата.
Покрај знамињата, учесниците на Прајд носеа и транспаренти за поддршка на ЛГБТ заедницата, а за првпат од одржувањето на маршот учесниците минаа низ центарот на Прага без немири и протести на групи противници. Само на на едно место по патеката стоеја неколку мажи кои ја цитираа Библијата во деловите каде што се зборува за гревот.
Овогодинешниот Прага Прајд и ЛГБТ фестивалот се одржува под слоганот „Срцето е важно“.
– Ова укажува на аспектот на човековите права. Срцето не е само во нашиот амблем. Срцето е симбол на животот, заедништвото, взаемната љубов и хуманоста. Тоа се рефлектира во сите 150 манифестации на нашиот фестивал, изјави директорот на фестивалот Том Бил.
Прага Прајд завршува вечерва со голем концерт во паркот Летна.