More

    Тешка, но многу важна победа за Зверев

    spot_img

    Александар Зверев тргна на подолг пат, но обезбеди пласман во второто коло на Австралија опен.

    По четири часа и девет минути игра и пет сета, Зверев во првото коло го совлада Хуан Пабло Вариљас, кој како лесен губитник стигна до главната ждрепка.

    За Зверев ова е прва официјална победа во сингл по Ронал Гарос и повредата. На крајот победи Германецот кој е 12. носител во Мелбурн со 4:6, 6:1, 5:7, 7:6, 6:4.

    Вариљас го реши првиот сет во своја корист со задоцнет брејк, откако Зверев најпрвин испушти две сет топки и пропушти можности да се пробие во раната фаза од сетот.

    Вториот дел од мечот Зверев го доби рутински, а во третиот сет, откако двајцата играчи направија два брејка, Вариљас повторно го реши сетот во последниот гем.

    Германецот преку тај-брејк успеа да го внесе мечот во петтиот сет, а во петтиот сет беше тој што реши се со брејк во последниот гем, користејќи ја втората меч топка.

    Во второто коло неговиот ривал ќе биде подобар од дуелот меѓу лесни губитници и квалификатори – Мо или Локоли.

    *Следете ги сите настани од Австралија Опен на нашиот блог во живо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img