Телото на пронајденото починато момче покрај автомобил кај Тиквешкото Езеро било на Николче Николовски(34) од Битола, потврдија за „Фокус“ негови блиски. Чекајќи ги резултатите од обдукцијата, тие велат дека останале многу неодговорени прашања за кои одговор бараат од надлежните.
Николче ќе биде погребан утре на гробиштата во село Буково. Според пријателите тој живеел повлечен живот. Исчезна на 13-ти мај со Форд Фиеста, а пред десетина автомобилот беше најден во близина на езерото.
– Од информациите кои ги имаме, неговото тело се наоѓало покрај автомобилот. Не знаеме како и од што починал, но изненадени сме како никој не го забележал автомобилот и телото толку долго време, локацијата е покрај земјен пат, зарем никој не поминал од таму со месеци? – прашува негов пријател од Буково.