More

    Тајната на гробот на Свети Никола – откритие што го запрепасти светот

    spot_img

    Гробницата на Свети Никола беше откриена кога археолозите пронајдоа остатоци од античка црква во Турција, во градот Демре. Црквата била потопена поради подигнувањето на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на античката базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот.

    Откритието потврдило дека Свети Никола живеел и умрел во Турција, а тимот археолози објавил и дека самиот светец одел по камениот под кој се наоѓал под слоевите наноси, пренесува агенцијата Демирорен.

    Византиската црква изградена на антички темели била свето место за православните христијани помеѓу 5 и 12 век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Исто така, во 1982 година беше додаден на списокот на светско наследство на УНЕСКО.

    Се верува дека античката црква е откриена за прв пат во 2017 година од истражувачи кои правеле електронски истражувања под модерната црква Свети Никола. Читањата покажаа дека има празнини помеѓу подот и земјата.

    Екипата потоа објави дека можеби го пронашле гробот на Свети Никола, но сепак се работи на внимателно отстранување на подот од византиската црква, за да не се оштети ништо.

    Осман Еравсар, шеф на покраинскиот комитет за зачувување на културното наследство во Анталија, за новинската агенција Демирорен изјави дека првата црква била потопена со издигнувањето на Средоземното Море, а неколку века подоцна, над била изградена нова црква.

    „Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот на кој стапнал Свети Никола“, рече тој.

    Како побожен христијанин, Свети Никола го следеше Исусовото учење за продажба на целиот свој имот и давање на сиромашните – и тој го стори тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во приказни.

    Станал епископ на Мира во IV век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан во време кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека Свети Никола бил погребан во црквата изградена во негово име. Сепак, точната локација на неговото тело отсекогаш била мистерија.

    Научниците сега веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера и дека Свети Никола бил погребан во црквата во Демре, каде што лежел до 11 век. Во 1087 година, италијанските морнари или трговци ги украле неговите наводни останки од гробот и ги однеле во Бари.

    Меѓутоа, турските археолози сега сугерираат дека се украдени погрешни коски – оние што отишле во Италија му припаѓале на анонимен свештеник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img