Се надевам дека со добар дијалог ќе постигнеме договор за уставните измени, бидејќи друг пат и друг начин немаме за да го деблокираме евроинтеграцискиот процес, рече денеска лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пред почетокот на лидерската средба во Собранието.
– Движењето Беса, според мене, сѐ уште е дел од коалицијата „Можеме“ со СДСМ. Многу е лошо кога книгата којашто вие ја вие пишувате, некој друг ќе ја предава на друг универзитет. Тоа е крадење на платформа и идеја – изјави лидерот и пратеник на ДПА, Мендух Тачи пред почетокот на лидерската средба во Собранието.
Тој смета дека е време јавно да се разговара за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава.
– Мислам дека не е моментот за услови и уцени. И трето, сега не е моментот да се дава оружје во рака на противниците на евроинтеграциските процеси. Разговарав со Ахмети за оваа тема, но ние немаме никаков услов и тоа треба јасно да каже – рече Тачи.