More

    Таравари за евентуалното влегување на Алијанса во владата

    spot_img

    Алијанса за Албанците засега не преговара за влез во Владата, н без разлика дали партијата ќе биде во власт или во опозиција ќе ги поддржи уставните измени за вметнување на Бугарите во Преамбулата од Уставот – изјави в.д. претседателот на Алијанса Арбен Таравари, откако денеска ја поднесе кандидатурата за лидерската позиција во партијата, како единствен кандидат.

    – Нема преговори, ако има ќе излезе пред вас и ќе кажеме сè што има. Ние ќе ги поддржиме уставните промени за вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот без разлика дали ќе бидеме дел од Владата или ќе бидеме опозиција. Тоа сме го кажале од првиот ден, продолжуваме да го кажуваме истото. Кога ќе има преговори ќе ве известиме – рече Таравари.

    Оној што треба да нè повика, вели тој, е премиерот Димитар Ковачевски, а тврди и дека при евентуално влегување во Владата „нема да бидат резервна гума на ДУИ“.

    – Ако нè повика некој во влада треба да биде премиерот. Меѓутоа, најодговорно тврдам дека засега немаме преговори. Ако имаме ќе бидеме максимално транспарентни – вели Таравари.

    За барањето на неговата партија и останатите опозициски од албанскиот блок, со уставните измени наместо јазикот што го говори 20 отсто од населението во Уставот да пишува „албански јазик“, Таравари уште еднаш повтори дека очекува поддршка и почит од македонските партии.

    – Албанскиот јазик е официјален јазик во Македонија. Меѓутоа засега стои во Уставот дека тоа е јазик што го говорат 20 отсто од населението. Нашата идеја било и продолжува да биде дека треба да се тргне тоа ’проценти‘ и да стои албански јазик. Јас мислам дека има разбирање од повеќето политички фактори во Македонија, зборувам за поголеми македонски партии, тоа го имаат кажано и јавно дека не им пречи процентот да се смени со албански јазик. Ние очекуваме да покажат почит кон нас и тоа да го спроведеме, да биде дел од Уставот – рече Таравари.

    Таравари засега е единствениот кандидат за претседател на Алијанса на Албанците откако Зијадин Села поднесе оставка од лидерската позиција по лошите изборни резултати на вонредните избори за Советот во Општина Тетово во септември годинава. Рокот за пријавување други кандидати истекува вечерва, а изборот на нов лидер треба да се одржи на вонреден конгрес на 17 декември во Тетово.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img