More

    Стопанската комора бара да се поврзат и системите, не само да се доближат кабините

    spot_img

    Стопанската комора на Северна Македонија на идните состаноци на иницијативата „Отворен Балкан ќе инсистира на поврзување на контролите што се прават на посебната лента што беше воведена на граничниот премин „Табановце за премин на товарни возила за овластените економски оператори со цел да се намалат гужвите и времето на чекање.

    Билјана Пеева Ѓуровска, оперативен директор во Комората, денеска на прес-конференција истакна дека е потребно поврзување за да има една контрола, а соодветни податоци да имаат и македонските и српските служби. Тоа, како што вели, драстично ќе го намали времето на чекање, односно процесирањето на документацијата и преминување на граничниот премин.

    – Мора да има поврзување на системите. Сега физички тие се кабина до кабина, но тоа не значи дека контролата ја прават заедно. Суштината на спроведувањето на заедничките контроли подразбира кога ќе имаат разменети податоци или кога ќе им бидат поврзани системите кога доаѓа камион ако едната служба е информирана за каков вид стока се работи, под каков вид контрола подлежи, итн., ако е исконтролирана од страна на една служба, зависно дали е влез или излез, од македонска или од српска, со тоа процесот да заврши, а не иако се едни до други проверката да биде и од српска и од македонска страна – рече Пеева.

    Следењето на протокот на возила на граничниот премин „Табановце што го спровела Комората во јули и август годинава покажало дека во тој период имало фреквенција на 60.000 транспортни возила, без товарните во транзит. Утврдено е дека колоните со товарни возила биле секојдневие, во повеќето денови долги околу два километра, со 30 до 40 транспортни возила на преминот.

    За влез во државава чекањето изнесувало два до три часа. Посебната лента за возилата од „Отворен Балкан не функционирала во јули, а во август била во функција со исклучок на неколку дена.

    Покрај регистрираните двојни постапки за увоз и извоз на македонската и српската граница поради неусогласеност на системите, како и двојни проверки и пред органите за внатрешни работи, утврдени се и проблеми со прекини во снабдувањето со струја, недостиг на соодветни ленти, нефункционалност на вагите за мерење, неусогласеност на работното време на Царинскиот терминал и на инспекциските служби.

    По укажување од комората посебната лента за премин на товарни возила за овластените економски оператори од „Отворен Балкан, – т.н. зелени коридори, која во услови на зголемена фреквенција посебно во текот на летото главно се користеше за патнички автомобили, целосно е ставена во функција за товарните превозници. Направена е и пренамена на две ленти што се користат за излез од земјата кога има гужви да се користат за влез во земјата од патничките автомобили со цел да не го блокираат преминот за непречено функционирање на двете ленти што исклучиво се наменети за товарните превозници.

    Пеева Ѓуровска најави дека за околу две недели треба да биде надминат проблемот со секојдневните прекини на снабдувањето со струја на граничниот премин во траење од по 15-ина минути, а од кои целиот систем се блокира, не работат службите и вагите за мерење и има реакции од транспортерите. Се работи на замена на делови и воспоставување целосна функционалност на трафостаницата. Ќе организираат и дополнителен состанок со Агенцијата за храна и ветеринарство и Фитосанитарната управа, шпедитерите и извозниците со цел да се утврди кои се клучните проблеми за функционирањето на инспекциските служби на граничниот премин, пред сѐ, во делот на соодветна екипираност, работното време и процесот на прием и обработка на документите.

    Комората укажува и на потребата од целосно динамизирање на процесот за целосно воведување директен транзит од Албанија, која го нема завршено овој процес како Северна Македонија и Србија, што може значително да влијае на брзината на завршување на транзитот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img