На улицата Никола Тесла во Битола вчера утрото бил пронајден паднат на земјата З. К.(46) од Србија, со место на живеење во Кичево.
Од екипа на итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Во 15.45 часот во полициска станица Битола В.Ј.(36) од Битола пријавила дека околу 10 часот нејзиниот малолетен син додека бил во училиште во Битола бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.