Британската влада санкционираше неколку руски олигарси. Тоа е продолжение на западните санкции кои беа воведени поради руската инвазија на Украина.
Скај њуз објави листа на руски олигарси санкционирани од британската влада:
– Роман Абрамович – сопственик на фудбалскиот клуб Челзи;
– Олег Дерипаска – има акции во En + Group;
– Игор Сечин – извршен директор на Роснефт;
– Андреј Костин – претседател на ВТБ банка;
– Алексеј Милер – извршен директор на Гаспром;
– Николај Токарев – претседател на руската државна гасна компанија Транснефт;
– Дмитриј Лебедев – Претседател на Управниот одбор на Банката Росија.
„Денешните санкции уште еднаш покажуваат дека на олигарсите и клептократите немаат место во нашата економија или општество. „Преку нивните блиски врски со Путин, тие учествуваат во неговата агресија“, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
„Крвта на украинскиот народ е на нивните раце“, додаде таа.