Мајкрософт би можел да го додаде Нетфликс на својата шопинг листа во 2023 година, пишува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека извршниот директор Сатја Надела планира дополнително да ја прошири компанијата и дека од неговото назначување на позицијата извршен директор во 2014 година, тој додаде неколку гиганти на својата шопинг листа.
Да потсетиме, се започна со играта Мајнкрафт, која компанијата ја купи за 2,5 милијарди долари, во 2016 година Мајкрософт го купи ЛинкедИн за 26,2 милијарди долари, во 2018 година ГитХаб беше купен за 7,5 милијарди, Минекрафт во јуни 2021 година за 2,5 милијарди, а Нуанс и Активижн близард оваа година за 19,7 и 68,7 милијарди долари, соодветно.
Купувањето на услугата за стриминг Нетфликс изгледа како логичен чекор и проширување во нова гранка на индустријата. Да се разбереме, Мајкрософт и Нетфликс се веќе тесно поврзани. Нетфликс го избра Мајкрософт за свој партнер за имплементација на реклами, а еден од клучните луѓе на Мајкрософт, Бред Смит, седи во одборот на директори на Нетфликс. Деловната логика овде е дека Мајкрософт на овој начин би можел да понуди услуга за стриминг видео игри на повеќе уреди, пишува Ројтерс.
Од друга страна, Нетфликс има свои големи планови со игри. Компанијата предводена од Рид Хестингс го купи Спри Фокс, нивното шесто студио за развој на игри, оваа година, па спојувањето со Мајкрософт ќе ги зголеми тие амбиции. Пакет што вклучува стриминг и игри не е тешко да се разбере.
Со пазарна вредност 13 пати поголема од онаа на Нетфликс денес, Мајкрософт од 1,8 трилиони долари може да си го дозволи Нетфликс за кој, дури и да плати премија од 30%, би требало да издвои речиси 190 милијарди долари.
Инаку софтверски гигант Мајкрософт соопшти дека нуди 69 милијарди долари за компанијата-создавач на видеоиграта „Call of Duty” – Активижн близард.
Според известувањето, понудата ќе им користи подеднакво и на гејмерите и на гејмерските компании.
Мајкрософт го изнесе аргументот со цел да го убеди судот на американската Федерална трговска комисија да дозволи продолжување на договорот, откако повереници, во жалба за блокирање на спогодбата, изјавија дека спојувањето на компаниите ќе ѝ пречи на конкуренцијата во индустријата за игри.