More

    Состојбата во Основните обвинителства е загрижувачка бидејќи тие се тие кои ги продуцираат заостаток на предмети

    spot_img

    Состојбата во Основните обвинителства е загрижувачка бидејќи тие се тие кои ги продуцираат заостаток на предмети. Тие работат, но работат колку што можат, со бројот на обвинители кои го имаат. Во овој момент имаме 162 обвинители, од потребни 244, што значи 82 помалку, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски.

    Сепак, нагласи Јолевски, тоа е голема бројка и нормално таа перцепција кај граѓаните ќе се јавува дека не се ажурни.

    – Во обвинителствата и онака негде нема ниту еден, во некои еден, а во некои по двајца обвинители. Прашањето е колку тие може да стигнат да ги покријат судењата, пред се. Затоа и огласот за избори го одложивме за јануари, кога ќе имаме точна бројка од Академијата за судии и јавни обвинители – изјави Јолевски.

    Основното јавно обвинителство Скопје, според Јолевски, во овој момент има најголем број обвинители и проблемот е со сите останати обвинителства.

    – Затоа тука беа и забелешките да се притисне врз скопското обвинителство од страна на Вишиот обвинител. Да се ажурираат тие предмети, бидејќи сметаме дека основното обвинителство го има тој проблем за решавањето на предметите, а нормално половина од предметите во државата се на територија на скопското – изјави Јолевски.

    За реизборот на Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Јолевски рече дека очекува во следните четири години трендот на подобрување, кој започна со зачестени контроли, да продолжи, меѓутоа ќе треба многу труд и напор за средување на тие состојби.

    – Ние ги констатираме сите негативности и слабости во извештаите и даваме одредени забелешки. Слушнавте денеска од колегите, дека тие забелешки се во целина на работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, кое опфаќа речиси половина територија од државата – изјави Јолевски.

    За тоа што се откажаа двајца од тројцата кандидати, Јолевски, вели дека навистина е жално да имаме само по еден кандидат, да не може да бираме од повеќе кандидати, меѓутоа, рече, тоа не е по наша вина.

    – Тоа е по волја на пријавените кандидати. Колегата Штерјев го истакна тоа нешто. Меѓутоа, и оставањето на обвинителствата без шефови само ја одолговлекува постапката и правиме друг поголем проблем. Ниеден од тие што се в.д. поставени не презема порадикални чекори за решавање на проблемите бидјеќи е времено поставен, па сите избегнуваат да се зафатат со поголеми ангажмани затоа што не знае до кога ќе биде така. Затоа нас ни требаат тие трајни ршешенија, за да имаме можност да работиме – изјави Јолевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img