More

    Советот расправа за субвенции за ЈСП, а нема никакви информации

    spot_img

    Советниците во Советот на Град Скопје денеска треба да гласаат за дополнителни 20 милиони денари субвенции за ЈСП, а немаа никакви информаци за финанасиската состојба на претпријатите ниту за проблемите внатре, реагираа советници во Градот. На претходниот реабалнс во јуни Советот изгласав дополнителни 130 милиони денари за субвенции за ЈСП.

    – Ако можеме да носиме одлуки за субвенционирање, мораме да добиеме информација за она што го бараме. Не може да барате да субвенционираме јавно претпријатие, а да не давате информации за состојбите во тоа претпријатие – порача од говорницата советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје Гордан Шутаров.

    Советникот Шутаров нагласи дека во состојба кога има тепачка на автобуска постојка кој попрв да влезе во автобус, должни се и директорот и службите на Град Скопје да излезат со информација, да ја кажат точната состојба, фактичката состојба во ЈСП и за состојбите во јавниот сообраќаен превоз.

    – Што побрзо да бидат готови тие информации за да можеме да имаме коплетна слика за она што се случува меѓу ЈСП и приватните превозници и на наредната седница да се повика претседателот на надзорниот одбор да се одговори дали се почитува одлуката за линиски превоз на патници. Сите овие аргуметни, треба во најбрз рок да ги добие Советот на Град Скопје за да добиеме јасна слика за тоа што поддржуваме, што субвенционираме, што се почитува, што не, и да бидеме одговорни да излеземе пред граѓаните и да им ја расветлиме ситуацијата заради тоа што се доведени до заблуда – порача од говорницата советникот на СДСМ во Советот на Град Скопје Гордан Шутаров.

    Советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска рече дека уште пред два месеца побарала информација од ЈСП и од градоначалничката Данела Арсовска што се случува во сообраќајното претпријатие, но одговор до денеска нема.

    Андоновска истакна дека скопјани немаат соодветен јавен градски превоз, а останатите кои што не го користат се соочуваат со сообраќајниот хаос, посочувајќи дека сето ова е поради неспособноста на Арсовска и директорот на ЈСП да го решат проблемот.

    – Да потсетам, приватните превозници побараа средба со сите советнички групи, на кои што сите советнички групи се состанаа со приватните превозници и на тој состанок сите советнички групи добија одредена документација од страна на приватните превозници. Е сега истото тоа сакавме да го добиеме и од ЈСП за да видиме која е реалноста и да најдеме решение. Но, повторно ќе кажам информации од ЈСП не добивме рече советничката Андоновска.

    Таа уште еднаш упати апел до директорот на ЈСП и градот Скопје да достават информација за тоа што се случува во ЈСП, се со цел да се изнајде соодветно решение во интерес на скопјани.

    – Уште еднаш од тука апелирам до градот Скопје, до ЈСП да ни овозможат да ги имаме информациите кои што ги бараме, бидејќи не ги бараме за нас лично, туку за граѓаните кои што не можат да стигнат чекаат по час и пол автобус, а чекаат затоа што ниту градот, ниту ЈСП не овозможиле да има соодветно решение – потенцираше Андоновска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img