Длабокото чистење на душекот еднаш на секои шест месеци ќе обезбеди свежина, а редовното чистење ќе ве заштити од бактерии и бубачки.
За ефикасно чистење на душекот, експертите од The Home Depot имаат неколку едноставни совети, сите со природни производи, пишува Експрес, пренесува Вечерњи лист.
Ќе ви требаат: правосмукалка (по можност рачна, но можете да користите и обична), сода бикарбона, водород пероксид, проѕирна течност за миење садови, шише со распрскувач, крпи за чистење и гумени ракавици.
Прво треба да ги извадите чаршафите и навлаките од душекот, а потоа темелно да го исчистите со рачна правосмукалка или со помал додаток на обична правосмукалка, за да ги отстраните влакната, прашината и другите нечистотии.
После тоа, обилно посипете сода бикарбона за да ги апсорбира вишокот течности и мириси. Раширете го рамномерно, оставете го да отстои најмалку еден час, а потоа повторно темелно исчистете го душекот со правосмукалка.
За душек на кој има тврдоглави дамки, експертите препорачуваат: измешајте 200 милилитри водород пероксид, три лажички сода бикарбона и една кафена лажичка проѕирна течност за миење садови во големо шише. Добро протресете и испрскајте обилно на секоја дамка.
Доколку е потребно, нежно тријте го валканото место, а потоа избришете го со чиста, влажна крпа додека дамката не исчезне. После тоа, ставете го душекот надвор на сонце да се исуши бидејќи свежиот воздух и сонцето можат да неутрализираат и некои бактерии кои можат да предизвикаат непријатни мириси и мувла.
Исто така, многу е важно повремено да го вртите душекот на другата страна; да го намали неговото абење и предвременото оштетување предизвикано од спиење во слична положба на истата страна од душекот.