More

    Со новиот модел антикризни мерки остануваме на патот на заштита на граѓаните и стопанството и фискалната консолидација

    spot_img

    Во насока на едновремено насочување на мерките кон ранливите категории на граѓани, но и постепена фискална консолидација, новите антикризни мерки ќе бидат таргетирани. Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење прудентна фискална политика, која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок. Во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, но и субвенции за покачување на минималната плата, значителни дополнителни средства за субвенции за земјоделците – во насока на зголемување на приносите, како и средства за покачување на пензиите, и зголемување на трансферите за гарантиран минимален приход.
    Веднаш по усвојувањето на ребалансот, во најкраток рок ќе започне имплементација на новите антикризни мерки. Новиот модел на таргетирани мерки, кој е во насока на последните препораки на меѓународните финансиски институции – ММФ и Светска Банка, ЕУ и експертската јавност, има три цели: заштитa на најранливите категории, праведна распределба на средства и постепена фискална консолидација, што е од големо значење за задржување на стабилноста на јавниот долг и стабилноста на домашната економијата воопшто.
    Со ребалансот на буџетот, и покрај одредено проширување на дефицитот, тој е сепак под нивото во 2021 година, и значително под нивото од кризата 2020 година. На среден рок се планира стеснување на буџетскиот дефицит преку подобрување на наплатата на буџетските приходи, мерки за намалување на сивата економија и за спречување; намалување и реструктурирање на буџетските расходи, кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, поголема поддршка на приватниот сектор и иновациите со цел зајакнување на конкурентноста, социјална компонента за поддршка на најранливите категории на население и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите, промени во изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, поголема диверзификација на изворите на финансирање на дефицитот, финансирање и реализација на одредени проекти преку јавно-приватни партнерства и основање на Развоен фонд.
    Со првиот пакет мерки беа амортизирани првите силни удари на кризата, како спречување на ценовниот шок и шпекулативниот раст на цените со што ги запревме инфлаторните притисоци за да спречиме повисоки стапки на инфлација. Даночните ослободувања беа направени во комбинација со мерките за замрзнување на цените и на маржите на производите. Вредноста на досега спроведените мерки за сузбивање на ценовната и енергетската криза е околу 615 милиони евра и еден од највисоките фискални стимули издвоени во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img