More

    Следува процес на издавање единствени идентификациски картички

    spot_img

    Ние со 18,5 милиони жители, шест земји од Западен Балкан, пред почетокот на пандемијата имавме 111 милијарди БДП. Чешка со 10,7 милиони жители има 215 милијарди. Што сакаме повеќе како причина да почнеме да се приближуваме и да почнеме нешто конкретно да работиме? 30 години ни беа потребни. Нека се отворат границите за бизнисмените, овде се работи за бизнис, не за политика, рече Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, кој синоќа гостуваше на телевизијата Euro news Србија.

    Министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Томислав Mомировиќ посочи дека создавањето на единствениот пазар, почитувајќи ги сите различности, не е веќе идеализам, туку реалност и потреба на бизнисот.

    Ненад Ѓурѓевиќ, како конкретна придобивка од овој процес, ги посочи спогодбите потпишани меѓу трите земји, Србија, Северна Македонија и Албанија, во областа на земјоделството, слободниот пазар на труд и интегрираните системи за електронски услуги. Посочено беше дека граѓаните од овие зеемји можат да поминуваат граница со лична карта, а на следниот самит на Отворен Балкан, што ќе се одржи во Македонија, ќе почне процесот на издавање единствени идентификациони картички со кои работниците од трите земји на Отворен Балкан би имале пристап до сите пазари.

    Милош Николиќ, Либек; Бранко Азески, СКСМ; Томислав Момировиќ, министер и сопственик на „Мона“ и Ненад Ѓурѓевиќ, ПКС. Момировиќ е еден од двајцата сопственици на познатиот бренд „Мона“, кој покрај модната индустрија, ја разви и туристичката дејност. Има 39 години, успешен стопанственик и министер на еден од најважните ресори во Владата на премиерката Ана Брнабиќ.

    Во заклучните согледувања, како да се соочиме со отпорот за реализација на оваа иницијатива, Азески истакна дека, како што во градежништвото постојат три важни работи: локација, локација и локација, така во овој процес постои потреба од имплементација, имплементација и имплементација. Макар и на две или три битни прашања.

    Берлинскиот процес, „Отворен Балкан“ и евроинтеграциските процеси на сите земји кои се дел од овие иницијативи се комплементарни, а не спротивставени процеси и претставуваат чекор напред кон придобивките од регионалното економско поврзуваање, како клучен приоритет, беше заклучено на Форумот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img