Делхи во Индија, Лахоре во Пакистан, Сараево во Босна и Херцеговина, Уланбатар во Монголија и Мумбаи во Индија се првите 5 најзагадени градови во светот.
А шестиот на листата, верувале или не, е нашиот главен град Скопје.
Скопје денеска напладне дури се најде и на третото место на најзагадените градови во светот според платформата „IQAir“, која го следи аерозагадувањето во реално време.
Со индекс на квалитетот на воздух од 187, аерозагадувањето во Скопје во моментов е штетно по здравјето.
Според сајтот на Министерството за животна средина и просторно планирање официјалните мерни станици низ Скопје не даваат податоци за аерозагадувањето од 21 декември. Единствено која во моментов функционира е мерната станица во Гази Баба, која на последното мерење во 12 часот денеска покажала 166 микрограми на метар кубен (µg/m3) ПМ10 суспендирани честички во воздухот.