Срамно и понижувачки преставува факто ,каде во името на граѓаните на Републиката,судиите им служат на криминалната олигархија.Срамно и понижувачки е кога нечесните во името на граѓаните на Републиката , до таа мера со нивните граѓански пресуди го уништуваат националното благо, ги уништуваат општините , државниот имот и згора на сето тоа им досудуваат и милионски оштетни побрарувања,зошто кога веќе криминално се стекнале со тешки милиони, зошто нивното домашно портфолијо да не се зајакне со уште некое милионче , секако во име на народот? Зошто и нашите судии кој патем судат вакви предмети (секоја чест на исклучоци) ,да не си го збогатат домашниот буџет во името на граѓаните на Републиката, онака лежерно пред пензионирање, зошто секој кој и до сега суде на овој начин, не одговарал и , така до недоглед.
На многу локации во републикава во изминатите години неповратно се отуѓи државна земја за речиси никакви надоместоци. Политиката на ниски цени, власта најчесто ја правдаше со обидите да привлече странски и домашни инвеститори и да го стимулира економскиот раст.
Овие мерки често беа критикувани во јавноста од експерти и од опозицијата со образложение дека не го стимулираат растот, туку богатењето на мала група поврзана со моќници од власта и од бизнисот.
Парцелата крај Охридско Езеро од речиси 16.000 квадратни метри која од шума, со брзите измени на деталниот урбанистички план, се претвори во градежна парцела, Министерството за транспорт и врски ја продаваше со почетна цена од евро по квадрат.
Но, ова не е било која парцела, ова е дел од Националниот парк „Галичица“ и една од најатрактивните локации во Македонија. На јавна лицитација одржана во 2011, која стартуваше со цена од едно евро, победи компанијата „Дивелоп Груп“. Инвестицијата е вредна нешто повеќе од милион евра, бидејќи „Дивелоп груп“ земјиштето го купи за 4.010 денари или за околу 65 евра по метар квадратен.
Медијумите и тогашната влада најавија дека почнува изградбата на хотелот. Новиот сместувачки капацитет ќе имал 50 соби и 120 легла, а целата инвестиција ке вредела околу 12 милиони евра,а хотелот требало да биде готов за две години.
Името на инвеститорот како што може да се забележи е напишано и на тарабите со кои е заградено земјиштето-Директор на „Дивелоп груп“ е Александар Ивановски, кој во јавноста е познат и како Алек-Теранова, а сопственик е холандската фирма „Т енд М Девелопмент Груп Б. В.“.
Со истражување ,а и со дел од бомбите кој се сокрија од јавноста ,дојдовме до официјални документи кои покажуваат дека „Дивелоп груп“ била во рацете на неколку фирми пред холандската компанија да влезе во игра, по што се отвора прашањето не само за сопственоста, туку и за потеклото на парите!?„Дивелоп груп“ ДООЕЛ била основана во јануари 2006 година, а дејност на фирмата е подигање згради. Како основачи на компанијата се јавуваат три фирми: „Интернационал Девелопмент груп инц“ од Белизе, американската „Центроком ЛЛЦ“ од Вашингтон и македонската „Импрегнал Инженеринг ДООЕЛ“.
Низа промени во сопствеништвото
На стартот од 2008 трите фирми „Интернационал Девелопмент груп инц“, „Центраком“ ЛЛЦ и „Импрегнал Инженеринг“ вршат пренос на удел на фирма „Софраги лимитед“ од Малта. Директор на малтешката компанија е Маркантони, која беше и управител во американската „Центраком“ ЛЛЦ.
По само неколку месеци, на 10 септември „Софраги лимитед“ го отстапила својот удел во „Дивелоп груп“ на холандската компанија „Т енд М Дивеломпмент Груп Б. В.“.
Компанијата се наоѓа во Амстердам, основана e во 2008 година, а нејзин единствен акционер, според холандскиот регистер, е повторно истата Софраги лимитед“, од Малта, или, уште еден офшор во мрежата компании кои ги кријат трагите на крајните корисници.
Општина Охрид со оглед на факто што „Дивелоп груп“ не постпил согласно договорот за изградба на Хотелски Комплекс во месноста Инекс Горица ,врши активирање на банкарската гаранција и тоа :
Во 2016 година Општина Охрид го известува со писмен допис „Дивелоп груп“ дека ќе изврши активирање на банкарската гаранција во износ од 200.000 евра ,но и ќе ја поништи дозволата за градба поради ненавремено започнување и завршување на градежните активности на предметната локација
Тогаш на барање на „Дивелоп груп“ Општина Охрид склучува Анекс на договор кој се солемизира кај овластен Нотар во Охрид , со кој анекс на договор „Дивелоп груп“ се обвзува да плати Пенали на име на каснење на градежните активности и се обврзува дека истите ќе бидат завршени до 2020 година?
Во 2018 година повторно по барање на „Дивелоп груп“ се склучува нов анекс на договор помежу Општина Охрид и „Дивелоп груп“, со кој анкес договор „Дивелоп груп“ груб повтроно се обвзува неприсилен од никог д исплати казнени пенали на Општина Охрид .
„Дивелоп груп“ со серија на тужби се обидува да го изигра законот ,се бара подобен судија?!
Со поднесок од 29-04-2021 година до Основен Суд Охрид „Дивелоп груп“ преку својот Адвокат Ивица Коневски (екс градоначалник на Општина Аеродром),го дополнува тужбеното барање спрема тужениот Општина Охрид со јново алтернативно тужбено барање,со кое бара да се утврди НИШТОВНОСТ на склучените АНЕКС договори 1 и 2.
Судијата при Основен суд Охрид Владо Крлевски , без око да му трепне ,носи пресуда на ден 15-11-2021 година, во корис на „Дивелоп груп“,и ја задолжува Општина Охрид да му ислпати на „Дивелоп груп“ износ од 30.561.247,оо денари со законска затезна камата од 10% ,зголемена за 10 процентни поени сметано од 27-05-2020 година во рок од 8 дена каком и износ од 429.694,оо денари на име на адвокатски трошоци на Адв Ивица Коневски!
Ваквата пресуд на тужената страна Општина Охрид , Основниот суд Охрид ја доставува на крајот на месец март или цели 5 месеци од нејзиното донесување?
Пресуди без правен основ?!
Вкавата пресуда донесена од страна на судечкиот судија при основен суд Охрид Владимир Крлевски секако дека преставува преседан во правната историја во РСМ.Со ваквите пресуди кој ги има и во минатото, јасно укажува на корумпираност на судството.Во вој слуј со „Дивелоп груп“ ќе мора да се позанимава и Судскиот Совет на РСМ , но и ЈО за гинење на организиран криминал и висока корупција.
Во прилог Пресудата со која Основен суд Охрид го појача финасиското портфолијо на Саша Мијалков и „Дивелоп груп“: