Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо го потврдија немилиот настан кој се случил во саботата вечерта кога 55-годишната Б.М. добила изгореници додека правела ајвар, а по лекување во болницата „Св. Наум Охридски“, жената починала поради тежината на повредите.
Како што нѐ информираат од МВР, настанот на 24.09.2022 во 20.00 часот го пријавил синот Д.М.(24) од селото Јурумлери, Скопско, кој рекол дека ја пронашол сопствената мајка со повреди од изгореници.
– Скопјанката била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот – велат од МВР за Плусинфо.
Побаравме информации за овој случај и од Министерството за здравство, за тоа во каква состојба била донесената жената во болница, со какви повреди се здобила, но до објавувањето на текстот не добивме одговори.