More

    Синиша Михајловиќ доби мурал во Белград

    spot_img

    Неодамна починатиот познат фудбалер Синиша Михајловиќ доби мурал во Белград. Муралот е дело на уметникот Алексеј Коласов, кој веќе има изработено неколку мурали во Србија.Овој пат тој реши да го претстави Миха од неговите тренерски денови во неговиот карактеристичен стил на облекување, но во црно-бело.

    Тој објави видео и покажа како настанала оваа почит кон српскиот фудбалски великан.

    Михајловиќ беше легенда и дел од златната генерација на Црвена Звезда која во 1991 година ја освои титулата европски првак.

    Го носеше и дресот на југословенската репрезентација, а по кариерата родениот на 20 февруари 1969 година во Вуковар беше прославен тренер и на неколку италијански клубови.

    И додека се бореше со леукемија, поголемиот дел од времето го водеше својот тим од болницата во Болоња. Се до септември оваа година, кога ја напушти клупата на клубот за да се посвети на опоравувањето.

    Михајловиќ остана запаметен и како голем мајстор за слободни удари, со кои многупати им носеше победи на Сампдорија, Лацио и Интер каде настапуваше како играч.Тренираше клубови како Болоња, Катанија, Фиорентина, беше тренер и на Србија, а раководеше со Сампдорија, Милан, Торино и кратко време Спортинг, пред да се врати во Болоња.

    Михајловиќ зад себе ги остави сопругата Аријана, ќерките Вирџинија и Викторија и синовите Марко, Мирослав, Душан и Николас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img