More

    Синдикатот на „Водовод“ пред штрајк, в среда конечна одлука

    spot_img

    Синдикалната организација на СУТКОЗ при „Водовод и канализација” донесе одлука за користење на правото на штрајк.

    Одлуката, како што информира денеска ССМ, е донесена едногласно на вчерашната седница, а се очекува да биде потврдена во среда на највисокиот орган на Синдикатот СУТКОЗ по што ќе биде известено Министерството за труд и социјална политика веднаш да определи помирувач.

    Од Синдикатот посочуваат дека ќе известен и в.д. директорот и Управниот одбор на „Водовод и канализација”, како и градоначалничката Данела Арсовска и советничките групи во град Скопје.

    На вчерашната седница, синдикалците известија за големите притисоци кои се вршат врз вработените и членовите на органите на синдикалната организација кои раководството на чело со в.д директорот Митовски ги прави, а како последна информација за која се загрижени вработените е дека в.д директорот Митовски подготвува нови дисциплински постапки против повеќе од 40 работници членови на синдикатот во кој дел се и претседателот на синдикатот во ЈП Водовод и канализација, Кашиковски“, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот.

    Оттаму за утре најавуваат прес-конференција пред седиштето на Град Скопје на која, како што посочуваат, ќе биде презентиран документ од специјалист-невроприхијатар за в.д. директорот на „Водовод и канализација”.

    „Ако градоначалничката Арсовска не реагира на сите докази за незаконското работење на Митовски, пресудите за сторени сериозни кривични дела со затворски казни, Извештајот од специјалист – неуропсихијатар за сериозното нарушено ментално здравје на лицето в.д директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, ние како работници ќе побараме итна седница на Советот на Град Скопје уште во среда како и помош од сите надлежни институции во државата со една цел да се обезбеди заштита и здрави и безбедни услови за работа на работниците кои во овој момент во претпријатието никој не може да ги гарантира, но и нормално и непречено функционирање на претпријатието“, наведено е во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img