More

    СЗО се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол

    spot_img

    Светската здравствена организација се подготвува за потенцијално избивање колера во Мариупол, каде се оштетени голем број инфраструктурни објекти. Тоа го изјави синоќа менаџерката на СЗО за инциденти во Украина, Дорит Никан.

    – Многу цевки се оштетени, а добиваме информации од терен дека се измешани канализацијата и водата за пиење – појасни Никан.

    Како што таа истакна, СЗО ова го оценува како огромна закана од појава на многу инфекции, вклучително и колера.

    Беше нагласено оти се подготвуваат вакцини за колера, постои соработка со невладини организации и партнери, кои можат да дојдат во Мариупол да им дадат поддршка на луѓето.

    СЗО за Европа потврди 226 напади на здравствени установи во Украина од почетокот на руската инвазија, што сочинува две третини од сите напади на здравствената заштита во светот годинава, соопшти директорот Ханс Клуге.

    Тој информираше за најмалку 75 жртви во нападите, а 59 лица се здобиле со повреди.

    – Овие напади не се оправдани, тие никогаш не се во ред и мора да се истражат, додаде Клуге.

    Здравствената агенција на ОН ќе ги сподели деталите за нападите со украинските власти и со други независни истражители.

    Клуге е длабоко вознемирен од извештаите за растечкото сексуално насилство во Украина, како и од потенцијалното избивање на колера во окупираните делови на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img