Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот сè уште не завршил со пандемијата од ковид-19, бидејќи следуваат нови варијанти.
– Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што, знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, повеќе варијанти кои предизвикуваат загриженост, што значи, не сме на крајот од пандемијата – појасни таа за новинарите во Јужна Африка.
Таа ги посети погоните за производство на вакцини, во придружба на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.