Светската здравствена организација одлучи да го одржи максималното ниво на тревога за пандемијата на Ковид-19, точно три години откако ја прогласи болеста за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународно значење.
Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус ги следеше препораките на Комитетот за итни случаи „Ковид-19“, составен од експерти, кои се состанаа по 14-ти пат во петокот, се вели во соопштението.
Тедрос веќе изјави дека смета дека е прерано да се укине највисокото ниво на тревога.